Петар Печков
Објавено: среда, 10 ноември 2010
Изминатите десетина дена од централното градско подрачје, на главната улица Маршал Тито, исчезнаа десетина пластични канти за отпад. ЈКП Дервен кражбата ја пријавила во СВР Велес и полицијата останува да ги открие сторителите на оваа бизарна кражба.
Претходно во велешко се крадеа шини, сообраќајни знаци сега на ред дојдоа и пластичните канти за смет. Како превентива од ваквата состојба од ЈКП Дервен ново поставените канти за отпад започнаа да ги закатанчуваат па кога ќе дојдат комуналците тие ќе ги отклучат и однесат да се празнат. Нов оригинален велешки изум, како превентива од кражбите.
Со сличен проблем се судруваат и жителите од населба Тунел и тие пред некој ден јавно побраа ЈКП Дервен да ги заклучува кантите за смет за цврста подлога, бидејќи поради кучиња скитници, истите се тркалаат по улица или јавните површини од населбата.
Tweet |